И тоа се случува: Кога судбината не сака да ве раздели! (ВИДЕО)

Шведската ракометна лига деновиве е популарна, но не поради атрактивните ракометни потези и голови. Еден од најсмешните моменти во ракометот ги засени сите атрактивни додавања, прецизни удари и одлични одбрани.

На натпреварот од првата женска шведска лига, помеѓу Еслов и Онередс, на кој победи домашниот тим со резултат 25-20, еден момент засекогаш ќе остане запаметен од малубројната публика.
При борба за топката, две ракометарки од противничките екипи не можеа да се разделат, но не по своја вина. Долгите коси на двете ракометарки во жарот на играта останаа заплеткани и овековечени преку видеото подолу.