И Самсоненко ја прослави победата над Барса (ФОТО)

Македонскиот првак Вардар оствари феноменална победа со 29-27 над големата Барселона и обезбеди пласман во големото финале на Лигата на шампионите.

Славеа и ракометарите, славеа и ракометарите, а во соблекувалната по триумфот победата ја прослави и Сергеј Самсоненко.

Големото финале меѓу Вардар и Веспрем се игра вечерва со почеток во 18:00 часот во „Ланксес Арена“.