И Прокоп се изјасни: Германците со проверени играчи против „фуријата“

Новиот селектор на Германија, Кристијан Прокоп се одлучи за 18 играчи на кои ќе смета во ЕХФ-неделата, а голема е веројатноста дека најголемиот дел од нив ќе бидат во тимот и на Европското првенство во Хрватска.

Германците се противници на Македонија во групната фаза, а во составот нема изненадувања бидејќи се главно играчи кои и досега беа дел од екипата и добиваа шанса за да играат за селекцијата. Оттаму овие подготовки на Германија ќе бидат интересни, а секако и двата дуели коишто ќе ги одиграат на домашен терен против селекцијата на Шпанија.

СОСТАВ

ГОЛМАНИ: Силвио Хајнефетер (Фухзе Берлин), Андреас Волф (Кил).

ЛЕВИ КРИЛА: Уве Гензајмер (ПСЖ), Ивес Кункел (Лајпциг).

ЛЕВИ БЕКОВИ: Јулиус Кун, Фин Лемке (Мелзунген), Филип Вебер (Лајпциг).

СРЕДНИ БЕКОВИ: Паул Друкс, Стефен Фет (Фухзе Берлин), Тим Кнојле (Гепинген).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Каи Хефнер (Хановер), Стефен Вајнхолд (Кил), Фабијан Вајде (Фухзе Берлин).

ДЕСНИ КРИЛА: Патрик Грецки (Рајн Некар), Тим Хорнке (Лемго).

ПИКЕРИ: Јаник Колбахер (Вецлар), Хендрик Пекелер (Рајн Некар), Патрик Винчек).