И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ НА НОЗЕ ЗА ВАРДАР! (ФОТО)

Ракометарите на Вардар со уште една херојска партија успеаја да стигнат до уште еден трофеј во Лигата на шампиоите.

Одиграа неверојатен натпревар и стигнаа до голема победа од 27:24 против Веспрем со што стигнаа до втората круна. Вардар е одново шампион и на тронот во Келн!

Меѓу сите луѓе кои им го честитаа големиот успех на вардарци беше и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски…