И повреден дојде да ги бодри: Кобетиќ со поддршка за своите соиграчи (ФОТО)

Тимот на Охрид вечерва го имаше своето европско деби против холандскиот Волендам во Купот на ЕХФ, но тоа мораше да го направи без можеби најдобриот поединец во составот на Горан Андоновски, Марко Кобетиќ.

Хрватскиот интернационалец заработи повреда на пријателскиот дуел со Пелистер, најверојатно на лигаментите на коленото, иако точната дијагноза ќе се знае в понеделник. Сепак, тој и повреден се врати во Охрид да ги бодри своите соиграчи на дебитантскиот настап во Европа.