И нуделе фиктивен брак за да игра за друга репрезентација

Наталија Никитина е ракометарката која во рамките на ЕХФ неделата го имаше своето деби за сениорската репрезентација на Русија. Иако нејзината репрезентација загуби од Шведска на двете контроли, сепак ракометарката на Звезда Звенигород е во центарот на вниманието поради нејзината одлична игра.

Иако е порасната во Казахстан, таа е дете на руски држајани, а има интересна приказна.

„Јас дојдов во Ростов Дон на 18 години, а претходно тренирав ракомет во Казахстан, во Алма Ата. Моите родители не сакаа да се откажат од руското државјанство за да добијат казахстанско. Мене дури ми предложија да се омажам фиктивно, за да заиграм за нивната репрезентација, но јас не сакав и знаев дека еден ден ќе добијам повик од Русија“, вели Никитина за рускиот „Брз центар“.

22-годишната Никитина кога за првпат дошла во Русија, била дел од вториот тим на Ростов Дон, а тогашниот тренер на првата екипа – Данецот Јан Лесли не и давал шанса во првата екипа, па таа била принудена да си замине и сега е една од главните ракометарки во Звезда и откритие во руската селекција.