И Маркус и Хана ги одбраа најдобрите, гласаа за Чупиќ и Парондо

Во изборот на најдобрите ракометари од групната фаза од Лигата на шампионите секој ден се појавуваат нови тимови, а останува да биде познат уште еден пред конечниот список на играчи и тренери за кои ќе се гласа при одредувањето на ол-стар составот.

Лицата на Лигата на шампионите Маркус Флот и Хана Џексон ги одредија своите девет ракометари и тренер, а меѓу нив вклучија двајца членови на Вардар.

Маркус и Хана гласаа за Иван Чупиќ и за Роберто Гарсија Парондо, па ова е убаво признание за нив. Тие влегуваат во силната конкуренција на играчи и тренери за кои ќе треба да се гласа откако е се комплетира списокот, така што е јасно дека ќе биде максимално интересно.

Досега вардар имаа тројца ракометари, а пред Чупиќ и Парондо во изборот за гласањето беа сместени и Дејан Милосављев, Даини Кристопанс и Тимур Дибиров.

ОЛ-СТАР ТИМОТ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ НА МАРКУС И ХАНА

ГОЛМАН: Арпад Штербик (Веспрем)

ЛЕВО КРИЛО: Мануел Штрлек (Веспрем)

ЛЕВ БЕК: Ромаин Лагард (Нант)

ЦЕНТАР: Кентин Мае (Веспрем)

ДЕСЕН БЕК: Недим Ремили (ПСЖ)

ДЕСНО КРИЛО: Иван Чупиќ (Вардар)

ПИВОТ: Хулен Агинагалде (Келце)

ДЕФАНЗИВЕЦ: Тијаго Петруш (Барселона)

МЛАД РАКОМЕТАР: Јоханес Гола (Флензбург)

ТРЕНЕР: Роберто Гарсија Парондо (Вардар)