И легендарниот Стинг верува дека Вардар ќе стане европски првак! (ФОТО)

Македонскиот шампион Вардар трета година по ред ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите, а исто како и во годината кога ја освои титулата, полуфинален ривал ќе му биде гигантот Барселона.

Сепак еуфоријата веќе владее низ Македонија, па сите ги подредуваат своите обврски по термините во кои ќе игра и Вардар, а и претходно закажани настани се поместуваат за да може да го добијат вистинското внимание.

Последен таков во редот е концертот на легендарниот Стинг, кој ќе се одржи в недела на 2 јуни на „Тоше Проески Арена“, a од продукцијата што го организира овој настан, информираа дека концертот ќе почне по евентуалното финале во кое би играл Вардар.