И Доленец призна: Вардар беше подобар во секој дел од ракометната игра (ВИДЕО)

Наследникот на Кире Лазаров на позицијата десен бек во Барселона, Јуре Доленец после мечот призна дека ракометарите на Вардар биле далеку подобри на овој меч.

„Вардар беше подобар во секој сегмент од ракометната игра на оваа средба. Можам само да им честитам на ракометарите на противникот на она што го покажаа, а ние ќе мора да работиме повеќе и на вториот дуел да покажеме далеку повеќе“, коментираше Доленец, а комплетата изјава можете да ја видите во видеото кое следува.