И голманките знаат да истрчаат контра: Неверојатната Клеопатре Дарлу како врвен голгетер! (ВИДЕО)

Женската ракометна репрезентација на Франција во рамките на „неделата на ЕХФ“ настапува на турнирот од Златната лига. На пријателскиот турнир во Колдинг, Франција настапи без неколку стандардни репрезентативки, а меѓу нив ги немаше најдобрите ракометарки во составот на триколорите: Лејно, Лакрабер и Пино. Олимписките вицепрвенки во првиот дуел загубија од Норвешка со 17-19, но она по што ќе остане запаметен овој дуел е фантастичниот потег на француската голманка Клеопатре Дарлу.

Во второто полувреме од дуелот при водство на Франција, голманката пресече еден контра-напад на Норвешка, успеа да ја надмудри противничката ракометарка во одбраната и да постигне невообичаен погодок.

 

До крајот на турнирот во Златната лига, пред репрезентацијата на Франција и преостануваат уште дуелите со домаќинот Данска (сабота) и повторување на финалниот двобој од Олимписките игри против силната Русија (недела).