ИХФ ја казни БиХ: Никола Прце суспендиран на три натпревари!

Дисциплинската комисија на 24-то Светско Ракометно Првенство денес заседаваше поради поднесениот извештај од натпреварот на четвртото коло во групата Б, кое се одигра во Али Бин Хамад Ал-Атијах арената во Ал Саад.
При тоа одлучено е парично да се казни репрезентацијата на БиХ за неспортско однесување на натпреварот Босна и Херцеговина- Тунис, кој се одигра на 21 јануари 2015 од 19:00 по локално време. Казната е во вредност од 1000 франци, а рокот за жалба два часа по објавување на одлуката.
Казната е доделена и поврзана со однесувањето на нивниот ракометар Никола Прце на споменатиот натпревар. Босна и Херцеговина загуби од Тунис со 24-27, а во контроверзниот натпревар Тунис обезбеди место меѓу последните 16 репрезентации.
Воедно ракометарот Никола Прце е суспендиран во траење од три официјални натпревари кои ќе ги одигра неговиот национален тим.