ИХФ Супер Глоуб: Виве Киелце и ПСЖ во „финале пред финалето“, Фуксе ќе се соочи со Ал Сад

Актуелниот шампион на Европа, Киелце се пласираше во полуфиналето на Супер Глоуб, неофиијалното светско клупско ракометно првенство, откако славеше над бразилскиот Таубате со 33:30. Најмногу по заслуга на одличниот хрватски голман Филип Ивиќ кој забележа 10 одбрани, но повеќето во клучни моменти, како и на екс ракометарот на Металург, Дарко Ѓукиќ кој даде 7 голови.

Нивен противник во полуфиналето ќе биде ПСЖ, кој според резултатот, односно победата со 38:31, немаше проблеми со тунискиот првак Есперанца, но на теренот не беше така. Туниските ракометари не бираа средства да ги запрат Хансен, Карабатиќ и компанија. Данецот е првиот ракометар што заработи син картон поради  грубфаул и нема да игра на полуфиналето со Киелце. Уве Генсхајмер имаше супер деби со 10 голови во францускиот тим, додека Ремили даде 7.

Во другото полуфинале ќе играат Фуксе Берлин, кој ја победи Лахвија со 27:25, и катарскиот Ал Сад, кој беше подобар од Сиднеј.