ИХФ ги одреди термините за Олимписките квалификациски турнири

Последните места за ракометниот турнир на Олимписките игри во Рио, ќе бидат познати во март и април.

Трите квалификациски трунири во женска конкуренција ќе се одржат во периодот од 18 до 20 март 2016, на нив првите две селекции од секој турнир обезбедуваат место на Олимписките игри. Директен пласман досега обезбедија репрезентациите на Бразил, Норвешка, Ангола, Аргентина и Јужна Кореа.

Машкиот дел од квалификациите ќе се оддржи од 8 до 10 април 2016 година. Дел од трите квалификациски турнири ќе бидат вкупно 12 репрезентации. Машкиот дел од квалификациите е особено значаен за македонската јавност поради можноста Македонија да заигра на еден од нив.Конечната одлука ќе се знае по финал ниот дуел на Европското првенство во Полска. Досега директно учество изборија репрезентациите на Франција, Катар, Аргентина и Бразил.