ИХФ ги објави кандидатурите за СП во 2025: Хрватска и Србија сакаат Мундијал

Светската ракометна федерација пред една седмица ги објави кандидатурите за организација на Мундијалите во 2025 година. За време на машкото СП во јануари следната година ќе бидат објавени домаќините на светските собири во машка и во женска конкуренција.

За машкиот Мундијал во 2025 година има три кандидатури, од кои една е заедничка на Швајцарија, Данска и Норвешка, но Данска и следната година ќе биде домаќин, па веројатно оваа апликација тешко дека ќе помине.

Другите две кандидатури се на Хрватска и Србија. И две екс-ју републики досега организирале и светски и европски собири и се покажале како одлични домаќини, па веројатно меѓу нив ќе се бара организаторот на машкиот Мундијал во 2025 година.

Во женска конкуренција, за Мундијалот за седум години има две апликации, на Кореја и на Србија.

Домаќини на СП:

мажи:
2019 Германија/Данска
2021 Египет
2023 Полска/Шведска
2025 ?

жени:
2019 Јапонија
2021 Шпанија
2023 Данска/Норвешка/Шведска
2025 ?