Историјата се менува: Вардар првпат го покори Веспрем во Унгарија

После три нерешени резултати постигнати во последните неколку години од кои два беа во СЕХА-лигата, а еден во Лигата на шампионите од денеска Вардар може да каже дека ја смени историјата во меѓусебните пресметки со тимот од Унгарија.

Вардарци успеаја првпат да го покорат тимот на Веспрем и 29 септември останува запишан како ден кога била прекината една серија против Веспрем во која тимот од Унгарија редовно успевал да дојде до позитивен резултат.

Веспрем арената до денеска беше неосвоива тврдина за „црвено-црните“, но и тоа е веќе сменето, па денешните 27:25 се еднакво вредни како и оние 27:24 пред две недели кога падна актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Монпелје.

Воедно овој триумф значеше дека Вардар има пет меча во серија на кои нема пораз од Веспрем. Серијата почна на 30 април во 2016 година во четврт-финалето од Лигата на шампионите кога како гост Вардар обезбеди 30:30. Продолжи во СЕХА со победа на домашен терен, а потоа и со реми во гости. На завршниот турнир во 2017 година Вардар исто така го совлада Веспрем, па ова е треттата победа во последните пет меча против тимот од Унгарија, но прва на гостински терен.

ПОСЛЕДНИ ПЕТ ПРЕСМЕТКИ

30.04.2016 (1/4-ФИНАЛЕ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ, РЕВАНШ)

ВЕСПРЕМ – ВАРДАР     30:30

10.09.2016 (СЕХА-ЛИГА, ГРУПНА ФАЗА)

ВАРДАР – ВЕСПРЕМ     29:22

06.12.2016 (СЕХА-ЛИГА, ГРУПНА ФАЗА)

ВЕСПРЕМ – ВАРДАР     28:28

09.04.2017 (СЕХА-ЛИГА, ФИНАЛЕ)

ВАРДАР – ВЕСПРЕМ     26:21

29.09.2017 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПНА ФАЗА)

ВЕСПРЕМ – ВАРДАР     25:27