Историскиот погодок со кој Гландорф ја шокираше Барселона (ВИДЕО)

Десниот бек на Фленсбург, поранешниот германски репрезентативец Холгер Гландорф е еден од најдобрите десни бекови во светот, и движечка сила на својот тим кон големите успеси во Бундеслигата и Лигата на шампионите изминативе години. Токму Гландорф со 11 постигнати погодоци и 73% реализација, беше најзаслужниот за ремито на својот Фленсбург против Киелце 28-28, со што германците ги задржаа шансите на реваншот во Полска да се борат за ново учество на Фајнл-фор турнирот во Келн.
Сепак, на возвратниот натпревар по неизвесениот и крајно драматичен финиш, патникот во Келн се решаваше во последните секунди, а Киелце со минимална победа од 29-28 втора година по ред се пласира на Ф4 турнирот во Келн.

Сепак кога ќе се спомене името на Гландорф прва асоцијација ни е фајнл-фор турнирот во Келн во сезоната 2013/2014, кој во полуфиналето против Барселона го постигна погодокот кој подоцна ќе се покаже како клучен во освојувањето на Европската титула.

Во полуфиналниот дуел против Барселона, германскиот состав на десетина минути до крајот беше во голема негатива, но германците не би биле тоа што се ако не се борат до последните секунди. Во последниот дел од натпреварот големата предност на Барселона беше стопена, а по нереализираниот напад на каталонците Гландорф прифати една топка и на две секунди до крајот погоди за израмнување, по што натпреварот отиде во продолженија.
Фленсбург се радуваше по изведувањето на седмерците, а во финалето успеа да го совлада и Кил, триумф по кој во една од највозбудливите завршници во историјата стигна до големиот трофеј во Лигата на шампионите.

Погодокот на Гландорф кој покасно ќе се покаже клучен за освојување на европската титула погледнете го на видеото подоле.