Историска победа за Зомимак: Струмичани го завршија регуларниот дел со максимален број бодови!

Ракометарите на Зомимак беа убедливи против Текстилец од Штип со високи 40:18 (22:13) во последното коло од македонската Супер лига. Шанса за докажување на овој натпревар добија ракометарите кои не добивале поголема минутажа во изминатите натпревари. Помладите ракометари, потпомогнати од неколку поискусни играчи ја потврдија разликата од неколку класи.
Со оваа победа Зомимак регуларниот дел од македонското првенство го заврши со максимален број бодови, без ниту еден пораз или нерешен резултат.
Струмичани сега се фокусираат на македонскиот плеј-оф каде важат за еден од фаворитите за освојување на второто место.
Најефикасен во составот на Зомимак беше Игор Павловски со десет погодоци.
Фото: rkstrumica.mk