ИСПИША НОВА ИСТОРИЈА: Давид Дејвис со Вардар во Будимпешта, а со Веспрем во Келн

Стратегот кој беше помошник на Раул Гонзалес во машкиот тим на Вардар, Давид Дејвис испиша нова историја. Откако во 2016 година беше во стручниот штаб заедно со Индира Кастратовиќ, а година подоцна дојде до трофејот со машкиот тим на Вардар, сега ќе се најде во Келн и во улога на прв тренер и тоа на тимот на Веспрем.

Давид Дејвис е првиот тренер на кој му успеало ова и очекува во јуни конечно да дојде до круната како стратег на некој тим бидејќи како играч редовно губеше. Единствената круна ја има од 2017 година, но како асистент на Раул.

Дејвис со тимовите на Сиудад Реал и Атлетико Мадрид губеше од Барселона и од Кил, а потоа и со женскиот тим на Вардар заврши на 4. позиција. Оттаму после вчерашниот успех со тимот на Веспрем во четврт-финалето кога го елиминираше Флензбург, на 1 и 2 јуни во Келн ќе се обиде да надомести иако конкуренцијата ќе биде силна.

Инаку, ова ќе биде четвртиот тим за Дејвис со кој тој се пласира на машкиот Ф4 турнир во Лигата на шампионите.