Исланд убедливо и во Скопје

Женската ракометна репрезентација на Македонија го забележа четвртиот пораз во квалификациите за СП -2015. Исланд уште еднаш ја потврди доминацијата против Македонија и со резултат 22:28 ( 11:12) заслужено отпатува во бараж натпреварот.handball makedonija - island

Пред скромната публика во Кале, избраничките на Благојче Весиќ отпор пружија само во првото полувреме кога се одржуваше мала неизвесност околу резултатот. Во второто полувреме репрезентативките на Исланд започнаа со своето шоу, а на нашиот гол Ивана Зафирова и Наташа Антиќ беа немоќни.

makedonija-island4

Во нашата репрезентација најефикасна беше Зорица Десподовска со шест погодоци, во селекцијата на Исланд се истакна Арна Палсдотир со шест погодоци.

Исланд заврши како првопласирана репрезентација од третата група, со двете победи против Македонија селекцијата на Италија направи своја историја и квалификациите ги заврши на второто место, а нашата репрезентација остана на дното .