Исланд е новиот предизвик за македонските кадети

Македонската кадетска репрезентација ја продолжува борбата за пласман на првите две места од групата кои обезбедуваат натпревар за пласман на 9.место. Репрезентацијата на Исланд е денешниот противник за момците на Александар Јовиќ. Исланд има четити бодови, Македонија и Русија имаат по два, додека Србија е последна на табелата без бодови. Од 13:00 часот ќе бркаме победа против Исланд по можност со три голови разлика, која сигурно би ни ја обезбедила првата позиција на табелата. Таа разлика би била важна во случај Русија да ја совлада Србија, а доколку биде обратно тогаш и со било каква победа над Исланд нашата репрезентација ќе биде прва во групата. Во случај да бидеме поразени во дуелот со Исланд, ќе се надеваме на пласман на втората позиција на табелата, кој може да ни ја обезбеди Србија доколку успее да ја совлада Русија но не повеќе од пет голови разлика.

Нашите репрезентативци по победата над Србија добија на самодоверба, покажаа дека можат да функционираат како тим, и решени се денеска против Исланд да ја обезбедат победата која ќе не остави во борба за 9.место.

Македонија-Исланд (13:00 часот)

Русија-Србија (15:00 часот)