Исланд го чека пекол во Скопје – билети веќе нема!

Победата на нашата машка репрезентација на вобудливиот натпревар против Исланд во Рејкјавик, го сврте цело внимание од спортската јавност, па „рибарите“ на вториот меѓусебен дуел освен против нашите ракометари, ќе мора да се борат и против полните трибини во СЦ „Борис Трајковски“.

Билети повеќе нема, па избраниците на Данило Брестовац ќе имаат и поддршката од навивачите како осми играч.

Победа на овој натпревар практично веќе не носи на Европското првенство, иако теоретски ќе ни биде потребен уште еден бод од пресметките со Турција на гости и Грција на домашен терен.

Средбата меѓу Македонија и Исланд се игра в недела на 14 април, со почеток во 20:00 часот.