Исландскиот пантер на голот на Бергишер до 2017-та година!

Исландскиот репрезентативен чувар на мрежата и член на бундеслигашот Бергишер, Бјергвин Пал Густавсон го продолжи договорот со својот клуб до 30 јуни 2017-та година. По победата над сеуште актуелниот европски првак Фленсбург ова беше уште една радост за сите фанови екипата на Бергишер.

По продолжувањето на верноста кон својот клуб, Густавсон за германските медиуми изјави:

Горд сум што можам да останам во клубот. Доколку работите продолжат да се одвиваат како денес (н.з. ја совладаа екипата на Фленсбург) можеме само да бидеме горди што сме дел од овој клуб.

Воопшто немав желба да го напуштам клубот. Ако се чуствувате убаво, едноставно треба да останете. Понудата беше подобрена, но не е се во парите. Тоа беше моја лична и одлука на мојата фамилија.