Ирина Никитина потпиша за Сиофок

Репрезентативката на Русија и екс -ракометарка на европскиот шампион, ЖРК Будуќност, Ирина Никитина во наредната сезона ќе настапува во Сиофок од Унгарија. Потврда за трансферот на Никитина  освен од руските медиуми стигна и од официјалната страна на унгарскиот суперлигаш. Според прогнозите, Сиофок е кандидат за второто место во новата сезона во Супер лигата во Унгарија.

По пристигнувањето во Сиофок, Никитина го обработи првиот тренинг со екипата.

Младата ракометарка од Русија со Сиофок потпиша двегодишен договор. Унгарија ќе биде втора ракометна авантура на русинката по Црна Гора. Освен за ЖРК Будуќност, Никитина настапуваше за руските клубови Астраханочка и Лада.

Фото:siofokkc.hu