Ирина Дибирова после ФТЦ: Девојките беа најдобри кога најмногу требаше

После петтата победа во серија во Лигата на шампионите сезонава тренерот на Вардар, Ирина Дибирова имаше пофални зборови за девојките. Вардар одигра тежок меч против ФТЦ, каде се бореше и против судиите од Франција и против квалитетниот домашен тим, но успеа да се избори за важни бодови.

„Тука не е лесно да се игра, па и да се победи. ФТЦ има одличен тим, и тие го победија Ѓер во домашното првенство. Кај нас недостатсуваше Лекиќ, што не беше добро за нас, зашто моравме да играме без еден важен играч. Знаевме дека ФТЦ ќе сака да победи и дека ќе се обиде да игра на начин што и го очекувавме. Среќна сум поради победата. До крајот на средбата успеавме да се справиме со притисокот од публиката и да освоиме два важни бода. Имавме и лош период во играта, но знаевме како да се носиме со притисокот и ситацијата. Девојките одиграа добро кога требаше. Мораме да работиме на што помалку грешки во играта. Сега се фокусираме на следниот меч со Турингер“, изјави Дибирова.