Ирина Близнова ја завршува својата ракометна кариера

Една од најтрофејните репрезентативки на Русија, Ирина Близнова, по завршувањето на Олимписките игри во Рио објави дека ја завршува својата ракометна кариера која и донесе голем број на успеси како на репрезентативно така и на клупско ниво.

Ракометарката на Лада од Тољати имаше клучна улога во успехот кој го постигна Русија на завршените олимписки игри во Рио каде избраничките на Евгениј Трефилов конечно успеаа да го освојат олимпиското злато.

Близнова со репрезентацијата на Русија се закити со два златни медали од Светското ракометно првенство во 2005-та и 2007-та година, сребрен медал од Европското ракометно првенство 2006- та година како и сребрен медал од ОИ во Пекинг (2008 година). Нејзината колекција на медали е надополнета и со златото од Рио како и многу клупски медали и признаниа од нејзиниот клуб Лада.

Со заминувањето на Близнова од репрезентацијата на Русија завршува една ера на успешната ракометна генерација во тимот на безвременскиот Трефилов.