Индира Кастратовиќ: Будуќност е фаворит, но ние одиме на победа

Вториот натпревар од главната рунда од Лигата на Шампионите е на програмата денес. Вардар го очекува тешко гостување во Подгорица каде силите ќе ги одмери со актуелниот шампион – Будуќност.

Пред заминувањето во Подгорица, тренерот на македонскиот шампион – Индира Кастратовиќ ја даде следната изјава за 24ракомет:

„После победата над Букурешт почнавме да се спремаме за овој натпревар и најбитно е што не смееме да се предадеме. Против Будуќност сме играле доста пати и секој натпревар е важен. Сега одиме таму и ќе се потрудиме да смениме нешто од минатото и ќе видиме дали ќе имаме позитивен резултат.Будуќност е фаворит, но ние одиме на победа“

„Поразлична е играта на Будуќност во однос на минатата сезона бидејќи сезонава немаат многу играчи кои можат да ги менуваат а сепак се работи за силно темпо од 60тина минути. Но исто така сметам дека и ние сме позрели оваа година.“