Инвазија на Германија: Се зголемува македонското печалбарско ракометно семејство

Веќе пишувавме за трансферите на левото крило Игор Илиевски во Аполда и на десниот бек Никола Мирков и пикерот Игор Михали во ХВХ Каменц, а најновиот трансфер е оној на левиот бек Бојан Белевски, исто така во Германија.

Тој потпиша едногодишен договор со тимот на Шпандау, кој своевремено играше и во Втората Бундес Лига и сега се бори да се врати на старите патеки.

Белевски потекнува од македонскиот расадник на ракометари, Струга, а во нашата држава освен за матичниот клуб, играше за Тиквеш, Радовиш, Борец и Охрид, додека во странство има настапувано за Слога Добој и Левски Софија.