Им се случува и на најдобрите: Наваро прими гол од обид за додавање на пикер!(Видео)

Одличниот шпански репрезентативен голман, Наваро на премиерниот натпревар од Европското првенство забележа 13 интервенции, но доброто издание против Полска го засени погодокот на Калач, кој всушност беше неуспешно проигрување на пикерската позиција. Несекојдневниот гол можете да го погледнете во видеото.