Илиќ и Арсиќ го предводат идеалниот СЕХА тим за Ноември (ВИДЕО)

Иако во месец ноември беа одиграни само 11 натпревари во СЕХА Лигата, поради настапите на екипите во Лигата на шампионите, сепак од раководството на регионалното натпреварување го избраа идеалниот тим. Во него се наоѓаат двајцата ракометари на Металург, левото крило Вања Илиќ и Дарко Арсиќ.

Голманот Арсиќ прерасна во лидер на тимот од Автокоманда и имаше одлични партии против Извиѓач и Вардар, додека Илиќ, кој дојде како замена за повредениот Марчец, веќе стана еден од главните реализатори во нападот.

Идеален тим на СЕХА за ноември:

Голман: Дарко Арсиќ (Металург)
Лево крило: Вања Илиќ (Металург)
Лев бек: Јосип Шарац (Извиѓач)
Среден бек: Миха Зарабец (Целје)
Десен бек: Ласло Наѓ (Веспрем)
Десно крило: Блаж Јанц (Целје)
Пикер: Вјачеслав Шумак (Мешков)
Тренер: Зденко Грбавац (Извиѓач)