Илиќ задоволен од победата обезбедена после многу проблеми

За ракометарите на Металург победата против Спортинг беше еден чекор напред во играта. Играчите беа максимално мотивирани, а тоа го потврди и левото крило, Вања Илиќ.

„Имавме многу проблеми во минатите недели. Во последните недела дена го немавме и тренерот кој беше отсутен. Загубивме многу средби, а моравме да се вадиме против екипа каква што е Спортинг, а тоа е квалитетен ривал. Мораме да ја сфаќаме секоја средба максимално сериозно, а со таков пристап можеме да им парираме на сите. Имаше промашени зицери, но тоа им се случува и на најдобрите. Тоа е нормално во спортот така што треба да се продолжи напред“, коментираше Илиќ.

Ракометарот на Спортинг, Бошко Бјелановиќ имаше свое видување на средбата и честитки за екипата на Металург.

„Му честитам на Металург на победата. Ова беше добар натпревар. Се согласувам со мојот тренер дека Металург влезе одлично во натпреварот ииграше многу паметно во нападот. Беше тешко да ги чуваме кога игравме два на два. Првото полувреме не беше добро како што очекувавме и имавме голема негатива. Во вториот дел бевме далеку подобри и во дефанзива и во офанзива. Имавме шанса за да се бориме за победа, но за жал Металург ја зачува предноста и заслужено победи“, рече Бјелановиќ.