Илија Абутовиќ пречекан во Суботица како ѕвезда (ФОТО)

Iko SpartakРакометарот на Вардар, Илија Абутовиќ пред натпреварот против Спартак Војпут доби посебно признание. Како поранешен ракометар на овој клуб Абутовиќ доби поклон во знак на благодарност за сето она што овој ракометар го има дадено за клубот од Суботица. Со овој потег раководството на Спартак Војпут покажа како еден клуб треба да се однесува кон оние кои го давале максимумот за него, без разлика чиј дрес го носат во моментот.