Илиев првиот троцифрен голгетер во Супер лига

За првото местокај стрелците во Супер машката лига и не треба посебно да се информира бидејќи веќе од стартот е јасно дека тоа е резервирано за Ивица Илиев од Радовиш.

Средниот бек на радовишани само на последните две средби постигна 28 гола, па не е никакво изненадување што веќе има дури 35 погодоци предност во однос на Милан Ѓукиќ од лидерот Еурофарм Работник.

Според тоа како се движат работите и за 2. место најверојатно нема да има голема трка бидејќи десното крило на битолчани исто така е во одлична форма и константно е ефикасен, па на другите им останува битката за 3. место.

СУПЕР МАШКА ЛИГА (10. КОЛО)

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

106 – Ивица Илиев (Радовиш)

71 – Милан Ѓукиќ (Еурофарм Работник)

63 – Милан Поповиќ (Пелистер)

62 – Божидар Симиќ (Радовиш)

59 – Бобан Блажески (Охрид)

58 – Цветан Кузмановски (Струга)

56 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

55 – Златко Мојсоски (Бутел Скопје)

53 – Димитар Минов (Борец)

51 – Давор Шокоски (Прилеп)