Изјави по натпреварот: Металург-Борац

Игор Раџеновиќ, тренер РК Борац:

“Домашниот тим ја контролираше играта низ целиот натпревар, при што во првото полувреме имавме проблеми со контрола на играта. Во продолжение им дадовме шанса на помладите ракометари, тие шансата ја искористија целосно”

Станко Абаџиќ, ракометар РК Борац:

“Задоволен сум од прикажаното на мојата екипа и добро е што младите играчи од тимот добија шанса да играат против квалитетен противник каков што е Металург.”

Лино Червар, тренер РК Металург

“Се заблагодарувам на фер играта на Борац. Значителна минутажа на овој натпревар добија и помладите Талески и Неловски. Тоа е и политика на клубот-во насока за промоција на младите ракометари. Задоволен сум од победата и знам дека после паузата не очекуваат нови предизвици.”

Филип Талески, ракометар РК Металург:

“Знаевме како да ги искористиме слабостите на Борац и сум среќен што ете младите ракометари добиваат минутажа и во квалитетната СЕХА лига.”