Изјави по натпреварот Вардар-Чековски Медведи

На официјалната прес конференција по натпреварот, претставниците од екипата на Чековски Медведи не се појавија, но затоа Раул Гонзалес и Алекс Душебаев не го криеа задоволството по натпреварот.

Раул Гонзалес, тренер РК Вардар

Многу сме задоволни и среќни. Малку бевме нервозни заради новата сала и не знаевме како ќе помине првата утакмица. Прво полувреме беше добро во одбрана и во напад, одлично ја движевме топката во транзиција. Секако имаше мали грешки во второ полувреме, очекувано дојде до пад на концентрацијата по доброто прво полувреме.

Алекс Душебаев, ракометар РК Вардар:

Ова беше сериозен меч, за нас. Како прв во новата салаб сите љубители на ракометот во Македонија посакуваа победа. Ние ја остваривме и ова за нас беше среќен ден.