Изјави по натпреварот Вардар-Татран

Раул Гонзалес, тренер РК Вардар

Многу сме задоволни од натпреварот и играта, бидејќи ни беше важно да ги освоиме бодовите дома, сега сме цврсто на втората позиција, тие се трети разликата во бодови се зголеми. Околу натпреварот, започнавме многу цврсто во одбраната, голманите Арпад и Диви беа на висина на задачата, во првото полувреме имавме добри брзи контра напади, мислам дека 50 минути одигравме многу добро. Се плашевме малку бидејќи имаат добри шутери и тие се квалитетен тим, против Загреб одиграа добар натпревар, а ние моравме да одиграме три натпревари во една недела. Сега може да се одмориме имаме една недела, ракометарите треба да отидат во националните селекции, некои ќе останат тука, мора да се одмориме и подготвиме за натпреварот со Веспрем кој ни е од големо значење.

Алем Тоскиќ, ракометар РК Вардар

Честитам на фер и коректна игра, игравме добро на почетокот,  а  клучната предност ја направивме на почетокот со подобра игра  во одбраната и тоа се покажа на семафорот, Татран е добра екипа и Вардар одамна нема победа дома против Татран. Сега следува пауза за репрезентативни обврски, 90% од ракометарите ќе играат за своите репрезентации и затоа со мислите сме сите таму.

Петер Давид, тренер РК Татран Прешов

Апсолутно заслужена победа на Вардар, им честитам, имавме преголем респект спрема Вардар. Воглавно мораме уште повеќе да тренираме и повеќе да работиме за да можеме во иднина да направиме нешто повеќе и да се обидеме посвежи да изненадиме во Прешов .

Урбан Лукаш, ракометар РК Татран Прешов

Им честитам на победата на Вардар. На почеток отидоа на 6 голови предност и тоа беше пресудно, инаку ќе беше поинтересно на натпреварот, истотака на почеток го разбранивме и Штербик, што беше пресудно за текот на натпреварот. Меѓутоа против Вардар и покрај тие 6 голови предност тешко е да се игра.