Изјави по натпреварот Вардар-Раднички

Вардар очекувано ги освои трите бода против Раднички од Крагуевац, во интересен натпревар каде своите мајстори можеа да ги покажат оние ракометари на Вардар кои не добиваат поголема минутажа. Стефан Терзиќ и Раул Гонзалес задоволни по натпреварот го очекуваат големото СЕХА дерби со Татран Прешов во петок, а што кажаа за овој натпревар може да прочитате во продолжение:
image
Недељко Вучковиќ, тренер РК Раднички:
Да се заблагодарам на гостопримството, во Македонија секогаш сме одлично промени, се надевам ќе возвратиме на ист начин во Крагуевац. Вардар без претерување е меѓу петте најдобри екипи во Европа, имаат млад и амбициозен тренер и одлични ракометни имиња, покрај Веспрем, Барселона и Кил ќе се борат за едно од четирите места во Келн, сигурно ќе навиваме за нив да се пласираат на Фајнл Форот. Дојдовме со страв тука, ова ни е прва сезона во СЕХА лигата и имавме трема пред настапот, денес не игравме лошо, игравме колку што ни дозволуваше една екипа како Вардар.
Александар Босиќ, ракометар РК Раднички:
Дојдовме тука да се надигруваме, мислам дека натпреварот беше атрактивен со многу постигнати голови. Им честитам на Вардар и им посакувам среќа во Лигата на шампионите и во сите идни натпревари. Вардар е одлична екипа но да не се повторувам, се се виде на теренот.
image
Раул Гонзалес, тренер РК Вардар:
Задоволен сум со победата овие три бода се значајни за нас во СЕХА лигата, бидејќи целта ни е секако Фајл Фор. На домашен терен играме доста подобро од гостувањата, тие пак играат подобро на гости тоа го покажаа во Брест, имаат добар тренер и екипа е составена од добри ракометари.
Стефан Терзиќ, ракометар РК Вардар:
Раднички е доста борбена и добра екипа, имавме среќа да постигнеме толку голови, бидејќи трчавме многу во првиот дел, во вториот дел малку попуштивме со концентрација, но сите ја искористија минутажата што ја добија. Во петок го чекаме Татран и се подготвуваме за тој натпревар.