Изјави од прес конференција: Вардар – Веспрем

Изјави на прес конференцијата по натпреварот Вардар – Веспрем

Стојанче Стоилов (линиски играч)

Ова беше натпревар за прво место во групата кој несреќно го загубивме. Но ако се прашувам јас ние го загубивме мечот на почетокот, кога правевме грешки во нападот а тие успешно го казнуваа тоа. Сѐ уште го немаме загубено првото место, но ќе одиме по потешкиот пат

Раул Гонзалес (тренер)

Честитки за Веспрем. Тие играа многу добро на мечот. Тие на стартот направија добра разлика и беше тешко да се брка негатива. Гостите беа подобри и во контра нападите. Во вториот дел ние игравме добра одбрана, но сепак на крајот тие победија. Последната минута беше кобна кога ние го промашивме пеналот. Ние имаме една недела за подготовка за возвратниот меч во Унгарија


 

Тимушин Шуч (линиски играч)

Ова беше неверојатен меч, а тешко беше да се игра пред ваква атмосфера. Пресреќен сум што победивме. Ова беше натпревар кој го доби одбраната, особено нашиот голман Миклер. Во вториот дел малку се опуштивме, но успеавме да се вратиме и да победиме

Карлос Ортега (Тренер ПСЖ)

Пред се честитки за Врадар бидејќи одиграа мноу добар меч. Беше тешко да ги освоиме овие бодови и на крај тоа го направивме многу среќно. Промашувањето на пеналот беше решавачко за победата на денешниот меч. Беше супер да се игра во ваква атмосфера. Наша цел е да го освоиме првото место во групата, иако имаме проблеми со повреди на некои играчи. Горд сум на моите играчи.