Изјави на Митрова и Штериова за натпреварот против Италија

Утре женската репрезентација на Македонија ја пречекува Италија во квалификацискиот циклус за пласман во баражот за СП. Натпреварот ќе се одигра во СРЦ Кале a ракометната федерација на Македонија одлучи влезот да биде бесплатен за сите љубители на ракометот.

Повратничката во репрезентацијата – Марија Штериова очекува победа против Италија

 Очекуваме победа, секако дека тоа е наша цел. Италија не е ракометна сила но ние нема да ги потцениме, од самиот старт на натпреварот ќе влезиме максимално концентрирани да стигнеме до што поголем и позитивен резултат. Во овој момент репрезентацијата на Македонија е подмладена и резултатите допрва треба да доаѓаат. Лично јас очекувам утре сите кои се во можност да дојдат и да го гледаат натпреварот и сите заедно да ја прославиме победата – изјави Штериова за 24ракомет.

Драгица Митрова за 24ракомет со свое видување за утрешниот натпревар

Добро ги анализиравме италијанките и воопшто не се за потценување. Имаат добра бековска линија и голман но сепак како викаат противникот е добар колку ќе му дозволиш така да ние сме спремни и одиме на победа. Се надевам дека ќе ја имаме потребната подршка од трибините и на крај заедно ќе се радуваме”.