Израмнети 30 минути во Рејкјавик: Македонија му парира на Исланд има нерешен резултат на одмор

Репрезентативците на Македонија во полувреме со неколку пресврти има 17:17 после првите 30 минути и резултат кој може да се окарактеризира како позитивен. Со добра игра во нападот и консолидирање на одбраната после 15. минута работите се доведоа на посакувано ниво така што ова беше одлично полувреме кое дава надеж за позитивен епилог на крајот од мечот.

Почетокот на средбата беше со промашен пенал од Кирил Лазаров и со одбрана на Борко Ристовски. Сепак, немаше решение во првите неколку минути за Арон Палмарсон, кој мораше да игра сам на почетокот на средбата. Неговата игра донес епредност од два гола разлика која беше актуелна во првите пет минути. Македонја намали на еден гол, но потоа следуваа одново лоши минути по што Исланѓаните лесно стигнаа до виспки четири гола и тоа после 12 минути игра.

Во таква игра добро беше тоа што конечно беше консолидирана одбраната, па тоа овозможи да се фати приклучок. Палмарсон веќе немаше така простор за да игра. Иако до 20 минута имаше дури четири исклучувања, сепак, тоа не беше проблем. Македонија успеа да намали и да остане на 2-3 гола разлика.

Клучните моменти дојдоа после 12:9 за Исланд. Противникот мораше без голман бидејќи имаше исклучен играч, а тогаш следуваа три контри реализирани од Георгиевски. Серијата од 4:0 донесе предност за Македонија од 12:13 во 23 минута од мечот. Потоа следуваше игра гол за гол. Македонија беше во преднсот, а Исланд израмнуваше. Сепак, работите се сменија при 15:14, па Македонија мораше одново да брка резултат. До крајот се продолжи во ист стил, а Кирил Лазаров го реализираше послендиот напад за 17:17.

После 30 минути најефикасни се Арон Палмарсон и Гоце Георгиевски. И двајцата по шестпати се запишаа меѓу стрелците. Во Македонија голови постигнаа и Лазаров (4), Манасков (3), Стоилов (1), Талески (1), Кузмановски (1) и Танкоски (1).