Изненадување на првиот натпревар од елиминациската фаза: Сегед го понижи Некар во Германија!

Со натпреварот Рајн Некар Ловен и Пик Сегед започна елиминацискиот дел од Лигата на шампионите. Германците во Манхајм беа изненадени од унгарскиот вице првак и го претрпеа вториот домашен пораз во низа во елитното натпреварување.
Рајн Некар Ловен (ГЕР) vs МОЛ-Пик Сегед (УНГ) 30:34 (17:16)
После првото полувреме, во кое двете екипи ги испитуваа силите на противникот, екипата на Сегед го искористи подобро вториот дел за конечна победа. Шокираните домаќини ќе имаат тешка задача да триумфираат на жешкиот терен во Сегед со повеќе од четири голови, доколку сакаат да го повторат минатогодишниот успех со пласман во 1/4 финалето.
Гостите први создадоа два гола предност,а веќе во 10-та минута имаа четири погодоци предност.
Во средината на првиот дел, одбраната на „лавовите“ конечно профункционира, тоа беше пресудно за првото водство на домаќините со кое отидоа и на полувреме.
Второто полувреме се одвиваше слично како и првото, но овојпат Некар не успеа да се врати во натпреварот.
Во САП арената, пред повеќе од 3000 фанови на Рајн Некар, Гарсија Парондо беше беспрекорен од линијата за седум метри и на крај заврши со 9 погодоци, додека одличниот центален бек, Бомбач постигна пет голови. Во редовите на германскиот вице-првак, капитенот Генсхајмер погоди осум пати, што не беше доволно за поволен резултат.