Изненадување во Словенија: Целје со нов тренер го сруши Флензбург

Откако пред неколку дена загубија од Рибница, а потоа го сменија и тренерот во Целје очигледно решија да тргнат напред и без респект кон никого да играат во Лигата на шампионите каде денеска му одржаа лекција на Флензбург.

Бундеслигашот и поранешен освојувач на Лигата на шампионите откако во минатото коло претрпе пораз од ППД Загреб дома, сега беше поразен и од Целје. Шампионот на Словенија победи со 23:20 во меч во кој во текот на сите 60 минути се покажуваше дека победникот од Струшкиот турнир може да се надигрува со секого.

Овој триумф на Целје ја зголеми неизвесноста во групата Б, а јасно е дека ова е големо изненадување бидејќи никој не гледаше во Словенците сериозно за победа на овој дуел.

Во победата на Целје најефикасни беа Малус и Разгор кои погодија по петпати и го водеа тимот кон победа. Кај поразените Гландорф и Лауге Шмит денеска успеаја да реализират по четирипати.