Изненадување во регионалната лига: Даниловград ја декласираше Подравка

Вториот турнир во женската регионална лига започна со изненадување. Младиот тим на Будуќност ја декласираше Подравка и забележа триумф со 32:21 ( 14:8). Даниловград го предводеше Ѓурѓина Маловиќ која беше незадржлива  и  постигна 11 погодоци. Во поразениот состав, Кристина Елез беше најефикасна со пет погодоци. На првиот турнир, избраничките на Маја Савиќ беа подобри од ЖРК Металург и РК Крим Меркатор. Со победата против Подравка покажаа дека Црна Гора има светла иднина во женскиот ракомет.
Речиси сите ракометарки на ЖРК Даниловград се од генерацијата 96/97. Подравка ја сочинуваат  ракометарки кои се дел од репрезентациите на Хрватска, Србија и Црна Гора.

Распоред, турнир 2 ( Подгорица)

ЖРК Будуќност – Подравка ( 12.01.2015)

Даниловград – ЖРК Будуќност  ( 13.01.2015)

Распоред, турнир 3 ( Копривница)

Подравка – ЖРК Металург ( 17.01.2015)

Крим Меркатор – ЖРК Металург ( 18.01.2015)

Подравка – Крим Меркатор ( 18.01.2015)

Фото:handballme.me