Изненадување во Нови Сад: Војводина го стопираше Мешков

Екипата на Војводина стигна до победа од 29:23 во мечот од 6. коло од СЕХА-лигата и приреди изненадување на домашен терен совладувајќи го составот на Мешков Брест.

Фаворизираните ракометари од Белорусија беа под нивото и не успеаја да заминат со бодови од гостувањето кое не требаше да биде така тешко. Гостите имаа изменет состав во однос на Лигата на шампионите, но повторно имаа искусни играчи во тимот.

Мешков тргна добро во средбата и имаше предност во добар дел. Во првото полувреме водеше и со три гола разлика, но не успеа да ги зачува. Војводина знаеше како во вторите 30 минути да ја презеде иницијативата и да биде во предност.

После 18:18 во 43. минута Војводина направи серија од 3:0 и овие три гола предност знаеше да ги зачува, но и да ги зголеми до крајот на средбата. Одигра одлично кога беше најпотребно и до крајот на мечот успеа да стигне до 29:23 за конечен триумф.

На овој меч Веркиќ заврши со осум одбрани, додека најефикасни беа Милош Грозданиќ со 11 и Јовица Николиќ со шест гола. Кај Мешков, Чарапенка имаше седум одбрани, додека Валентин Куран со шест погодоци беше најефикасниот.