Изненадување во Германија: Кил и Флензбург во аут од Купот

Екипите на Хановер и на Фухзе Берлин им зададоа голем удар на порано неприкосновениот тим на Кил и на поранешниот освојувач на ЛШ, Флензбург.

Во осминафиналето од Купот на Германија, Хановер го совлада Кил со 24:22, но во меч во кој „зебрите“ дури 12 минути чекаа на првиот погодок.

Почетокот на средбата мина во знакот на домашните кои поведоа со 8:0, а гостите успеаја конечно да ја пробијат одбраната дури во 12. минута. Потоа успеаја и да се вратат во мечот и на одмор да заминат со негатива од три гола. Хановер водеше со 13:10.

Во вториот дел од средбата Кил дури успеа и да поведе со 15:14, но немаше добра завршница, па Хановер се радуваше на пласман во следната рунда.

Фухзе Берлин како гост славеше против Флензбург со 29:26 во меч во кој тимот од Берлин беше гост. После нерешените 14:14 на полувреме во продолжение, ракометарите на Флензбург не го издржаа притисокот, па понатаму отиде Фухзе Берлин, а во четврт-финалето се и тимовите на Филип Талески (Рајн Некар) и на Филип Миркуловски (Вецлар).