Изненадувачки трансфер: Бурса се засили со легендарната Барјактаровиќ

Турската екипа Бурса која се натпреварува во Супер лигата доби огромно засилување. Станува збор за репрезентативката на Црна Гора, Соња Барјактаровиќ која со својата селекција го освои златото на ЕП -2012 во Србија како и сребрениот медал на ОИ во Лондон.

Од 2012, Барјактаровиќ го носеше дресот на рускиот шампион, Ростов Дон, а претходно беше дел од црногорскиот шампион, ЖРК Будуќност.

Со трансферот на Барјактаровиќ, турската лига станува се поквалитетна заради големиот број на ракометарки од Србија, Хрватска, Црна Гора, Русија и Украина. Во Супер лигата во Турција настапуваат и ракометарки од Македонија.