Извлечени двојките од бараж-дуелите за Светското Првенство во Данска

Денес беа одредени паровите кои ќе се натпреваруваат за место на Светското Првенство во ракомет за жени, кое ќе се одржи од 5 до 20 декември 2015 година во Данска. Покрај домаќинот учество без дополнителни квалификации ќе обезбеди единствено првопласираната екипа на ова Европско Првенство, додека останатите селекции ќе се изборат за дополнително место преку бараж.
Меѓу најинтересните дуели секако ќе бидат натпреварите Србија против Романија, Хрватска против Шведска и Германија против Русија.
Победникот во квалификациската група во која учествуваше и Македонија, репрезентацијата на Исланд немаше среќа во ждрепката и налета на моќната Црна Гора.

Сите двојки од бараж дуелите:

Франција-Словенија
Холандија-Чешка
Украина-Полска
Австрија-Унгарија
(2-ро пласираната екипа од ЕП2014)-Словачка
Црна Гора-Исланд
Германија-Русија
Хрватска-Шведска
Србија-Романија