Извлечени групите на меѓународниот турнир „Струга 2016“

Најстариот ракометен турнир во Македонија, по 44-ти пат ќе се одржи на брегот на Охридското езеро. Спортскиот комплекс на „Женската плажа“ во Струга ќе биде домаќин на квалитетни интернационални екипи кои ќе се натпреваруваат за освојување на овој престижен ракометен турнир.

На помалку од дваесет денови до почетокот на  „Струга 2016“, организаторите ги извлекоа двете групи кои ќе го креираат конечниот пласман.

Во група 1 ќе се натпреваруваат Алингсас(Шведска), Шартр(Франција) и Африкан клуб(Тунис), додека група 2 ќе ја предводи македонскиот вицепрвак Металург, а ќе се натпреварува со Стеауа (Романија) и Ал Шабаб (ОАЕ).

ГРУПА 1 ГРУПА 2
Алингсас (Шведска) Металург (Македонија)
Шартр (Франција) Стеауа (Романија)
Африкан Клуб (Тунис) Ал Шабаб (ОАЕ)

Првопласираните екипи од двете групи ќе играат во финалето на „Струга 2016“, второпласираните ќе се борат за третото место, додека третопласираните ќе играат за престиж и избегнување на последната позиција на турнирот.