„Избрканиот“ Рутенка продолжува со Лахвија

Сергеј Рутенка откако го раскина договорот со европскиот шампион Барселона, објави дека во следните две сезони ќе игра за катарскиот клуб Лахвија.

По шест сезони, Сергеј Рутенка го напушти каталонскиот гигант. Иницијативата на искусниот ракометар за збогување со клубот денес доби образложение откако белорускиот лев бек ја потврди својата верност кон новиот клуб. Рутенка ја предводеше Барселона во освојуање на две титули од Лигата на шампионите, пет Асобал титули и два Супер глоуб турнири. Со пристигнување на Филип Јиха ова лето тој го загуби местото во формацијата на Чави Паскал, а Белорусинот требаше да се избори за својата минутажа со младиот тунижанец Ваел Жалуз. Затоа искусниот ракометар кој во својата кариера играл на повеќе позиции, се одлучи да ја прифати богатата понуда на ракометниот клуб за кој во минатото играа Наумче Мојсоски и Ренато Вугринец.