Избрани најдобрите “седум” од првото коло на ЛШ

По завршувањето на првото коло од ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на шампионите 2014/15, избрани се и најдобрите седум ракометари на првото коло. Во тој избор свое место најдоа ракометарите на Вардар, Тимур Дибиров и Алекс Душебаев, кои во комбинација со Момир Илиќ ( Веспрем), Миха Зарабец ( Целје), Каспер Андерсен ( Киф Колдинг Копенхаген), Јеспер Нодесбо (Барселона) и голманот на Алборг, Еревик ја формираат најдобрата “седморка” на првото коло во ЛШ.