Избрани најдобрите “седум” од петтото коло на Германската Бундеслига

Во Германската Бундеслига и по завршувањето на петтото коло беше избрана најдобрата седморка на колото. Во тој избор влегоа:

ГОЛМАН: НИКОЛА БЛАЖИЧКО (ЛУБЕК) – Блажичко со 15 интервенции беше еден од најзаслужните за одличната победата на Лубек на гостински терен против екипата на Лемго.

ЛЕВО КРИЛО: РАУЛ САНТОС (ГУМЕРСБАХ) – Левото крило на Гумерсбах со 9 голови ја торпредираше екипата на Битигхајм, и ја донесе третата победа за својот тим во досегашниот тек на првенството.

ЛЕВ БЕК: РОБИН ХАЛЕР (БИТИГХАЈМ) – И покрај поразот од Гумерсбах, Робин Халер со осум постигнати погодоци го заслужи своето место во најдобрата “седморка” на колото.

СРЕДЕН БЕК: ПЕТАР НЕНАДИЌ (ФУКСЕ БЕРЛИН) – Српскиот интернационалец во редовите на Фуксе Берлин имаше голема улога во победата на својот тим против Балинген од 30-25. Покрај одличните асистенции, Ненадиќ постигна и седум голови со што си ја осигура наградата за најдобар целтрален бек на петтото коло.

ДЕСЕН БЕК: АНДРЕАС РОЈЕВСКИ (МАГДЕБУРГ) – Магдебург со победата над Хановер на гостински терен од 24-28 го забележа и третиот успех во новата сезона, и се зацврсти на четвртата позиција на табелата. Андреас Ројевски беше најзаслужен за победата на својот успевајки да постигне седум голови.

ДЕСНО КРИЛО: НИКЛАС ЕКБЕРГ( КИЛ) – Кил по почетните изненадувачки порази полека се враќа на победничките патеки. Шведскиот репрезентативец испорача единаесет погодоци во мрежата на Мелсунген со кои имаше најголема улога во враќањето на Кил на победнички колосек.

ПИВОТ: МОРИЦ ПРУС (БЕРГИШЕР) – Во најдобрата седморка влегува и ракометар на екипата која го направи најголемото изненадување на петтото коло. Бергишер го совлада Рајн Некар Ловен со 24:23 и со тоа направи да нема повеќе непоразени екипи во Германската Бундеслига. Мориц Прус постигна три погодоци во победата на својата екипа.